татко (имн.) - никогаш (прил.)

Во средната беше работната маса, а десно од неа една ламба со жолт лампион од која Татко никогаш не се одвојуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Низ стенкање и несфаќање Наташа разбра дека татко ги приближил усните до голото рамо на Вадим, како да сака да го бакне, а тогаш одеднаш ги забил забите и го каснал, злобно и несфатливо; Вадим поради необјаснивоста на сето тоа заврискал и почнал да се измолкнува, а старецот одеднаш скокнал низ прозорецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Минуваа години, вечност. Татко никогаш не отпатува со својот Балкан-експрес.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мојот татко никогаш не го доживеа враќањето од егзил во својата родна земја, таа за него остана секогаш затворена.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
-Тоа не е тој; татко никогаш не скокаше низ прозор - мрмореше Вадим - тука е нешто страшно, чудно, не е како што треба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)