татко (имн.) - воопшто (прил.)

Татко воопшто не му даде на знаење дека Камилски се оддалечил од темата, но тој, сепак, го разбра својот пријател: Андре Мазон во својот труд за Лексиката на војната и на Револуцијата едно значајно поглавје ќе им посвети на туѓите заемки со висок степен на научна неутралност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Лења просто сите многу му завидуваа, а тато воопшто сметаше дека, ако некој се занимава со парични операции, а всушност со ништо не тргува, дека таквиот човек треба да седи или зад решетките на банката, или зад решетките на затворот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јас ја тешев, убедувајќи ја дека мама и тато воопшто не се паничат во вакви случаи, а таа вознемирено шеташе горе-долу и беше многу загрижена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој ќе потсети на огромниот капацитет на рускиот јазик, во којшто ќе се претопат странските зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И одеднаш кога така размислував сфатив дека кутриот мој добар татко воопшто немаше време да се одмори, ниту некаде да излезе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)