татко (имн.) - свој (прид.)

Татковиот пријател, професорот Харалампие Поленаковиќ, ќе му ја даде на увид на Татко својата докторска дисертација на тема Турскиот елемент во ароманските говори во Македонија, одбранета во Загреб во 1938, под менторство на професорот Петар Скок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се отслика на небото означен кружен тек... пат од огнени исправени лавови, лавовски сонца ... по кој синот на сонцето ќе се движи... ќе патува кон таткото свој!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
- Можно, сѐ е можно! - изусти Игор Лозински, но не му ја откриваше на Татко својата голема тајна за прекинувањето на патот на јагулите во неговата поранешна татковина Русија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)