татко (имн.) - нивен (прид.)

Зошто ти, татко, не ми кажа, на сон не ми се јави, во видение, оти такви страшни работи децата треба да ги чујат од устата на татковците нивни!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По шарките на торбулето... Стив и Јана го познаа дојденецот... таткото нивни“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред нив стоеше лично и безлично Петре Великанов, таткото нивни, дедото на Ник (Никола) и на Џон (Јонче), внуците негови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сѐ почна на свадбата моја, вели, мажот ми го зедоа од венчавка, од пред олтар, вели, после ги зедоа и браќата негови и таткото нивни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)