татко (имн.) - мој (прид.)

Ете така, татко мој, оче Мида, така и ти брате Лествичнику што по скалите нагоре одиш (а слегуваш) кон својата одаја, и ја отвораш вратата и ме гледаш, и знаеш дека и јас знам, и солза не проронуваш, а јас плачам, оти те сакам, оти си ми брат и друг јас на светот овој ништо немам, оти ти велам: сѐ ќе сторам братот мој да не ја изгубиш главата, оти утре страшно собитие те чека, брате мој, кога логотетот ќе види дека одајата си ја отворил не три, ама три илјади пати за овие години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Пусти татко мој... Бог да го прости... “, си рече самата на себе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Додека се возевме со автомобилот кон Скопје цело време плачеше на глас и викаше: "Татко, татко мој
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Оти рече Лествичникот: „Нека влезе сега тоа копиле ѓаолско, нека чини чтение на уката што мојот отец, таткото мој во гроб го фрли“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога го прашале каде бил, рекол: „Жалоста од смртта на таткото мој ме прогонуваше шеесет дни и шеесет ноќи по патишта знајни и незнајни; и изодев многу патишта, и секаде го барав таткото мој, но никаде не го најдов.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
О, оче мој, татко мој, Мида! Зошто братот мој, отец Лествичник не ми кажа никогаш какво собитие грозно се случило таа ужасна ноќ, кога си сочинувал преписот од источната одаја?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се срамев да признаам, да се исповедам, оти Филозофот доверба безгранична во мене покажа до тој миг; и сѐ што помислив беше: „Боже, Седржителу, татко мој, сочувај го Филозофот од сподобието грозно и отровно сосем!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)