Татко ја прегрна. Тоа никогаш не се случило, тука, крај реката. Пред порти!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко ја насети дилемата на Камилски, на моменти како да беа еден во друг, еден за друг, никако еден без друг.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ја запозна мајка по враќањето, се верија, брзо се зедоа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татко ја подава главата преку војниците, сака нешто да каже, ама некоја болна претпазливост го стега и не му дава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Татко ја начекува водата и ја враќа на вратот, на лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Татко ја гледаше Мајкината положба, но не можеше ништо битно да преземе за да се поправи нејзината позиција.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За да му даде друг тек на разговорот, Татко ја праша Мајка: – Кога научи да танцуваш?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога, на крајот од месецот, Татко не ја донесе ветената и очекувана вреќа со брашно, Мајка му ја положи својата кафеава бунда на масата. Татко ја погледна зачудено.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Бидејќи имаше кино-проекции и во неделите, Мајка одеше понекогаш да работи и прекувремено, макар што Татко ја молеше барем тие денови да си останува дома.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка го крена погледот. Татко ја погледна загрижено.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко ја полеа по челото со лимонова колонска вода, од шишенцето кое Мајка го чуваше како вистинска амајлија, донесено од блиски Таткови роднини од Цариград, при нивните ретки посети.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко ја гледаше замислено и загрижено, но правеше сѐ што можеше за да не си го покажува расположението.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)