татко (имн.) - има (гл.)

Татко имаше добар увид во сите сиџили зашто немаше ниту еден што не го толкувал, до последната тајна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Крстот е еден, тики татко имаше два живота, вели Боше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И самиот се уверив во тоа дека татко имаше афинитети или само сакаше да биде писател.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој негов татко имаше доста добар имот на село, но не можеше да сс помири со животот во забатаченото Поле, продаде, ја купи оваа куќа овде, едно нивче, за тутун, и отвори дуќан, брашнарница.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Татко имаше во својата библиотека повеќе книги кои се однесуваа на Евреите и еврејството, беше обземен од нивниот повеќемилениумски егзил, од нивните апокалиптични страдања, посебно од инквизицијата, холокаустот и невините повеќемилионски жртви во концентрациските логори на смртта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко имаше уште многу да каже за касметот, да ја продолжи или да ѝ се спротивстави на мислата на Камилски, кој самиот како да забораваше на целта што ја постави на почетокот: да се трага по опасните османизми во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гајретот започна Татко има речиси исто значење кај сите балкански народи под османското владеење, поврзувајќи ги во нивното храбро поднесување на индивидуалните и колективните несреќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко имаше аманет од мајка си Хазбије да не се враќа од Турција без да го види брат ѝ Фети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко долго време ги проучуваше Тората и Кабалата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но колку што навлегуваше во нивната жива и незавршена конотација, тој низ овие зборови како да сакаше да ги дополни балканските историографии, кои и во јазиците во подем на државите- нации гледаа бојно поле.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Времето брзо минуваше. Татко имаше чувство дека присуствува на автентичните, неповторливи часови на еден единствен универзитет, од човекот кој му беше и толкувач и протагонист во историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше подготвен да го слуша цела ноќ, но во кажувањето на вујко Али Фети имаше цела стратегија Татко да се придобие да се приклучи кон семејната традиција да стане нов кадија во Република Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Губењето на гајретот означувал губење на надежта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Види го ти него. Од каде мојот татко има толку агрономски знаења? - се зачуди Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Зезнат татко има? – ми се сврте Ада. - Не е, баш напротив, ама Огне претерува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, сега ми текна, јас пропуштив да ве запознаам вас двајцата. - Што имаш да нѐ запознаваш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Требаше да собереш сили, уште во почетокот да ми кажеш дека за твојата мајка и твојот татко има многу горчливи, многу трагични, болни настани сврзани со мојата земја...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во тоа време татко имал понуда да се преселиме кај Туши Керамичиев, а и Оче нè канел во нивните подруми.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Врвен познавач на шеријатското и модерното европско право, татко имаше некакво атавистичко чувство на балканското тежиште во себе, но и не можеше да се ослободи од одисејскиот дух, па брановите на судбината го исфрлија крај оваа река и во овој град, во кој мораше уште еднаш да се докажува, да го вкоренува своето откорнатичко семејство, соочен прв­пат со гладот, со гладот на своето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Ех, - воздивна мајка му - што татко имаше! Секој го познаваше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И неговиот татко имаше своја библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка беше сигурна дека Татко имаше многу работи да ѝ каже за нејзините стари знамиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И ми раскажа една случка како некој си татко имал син што бил многу страшлија: од сè се плашел; кога бил малечок, се плашел од животни; штом видел некое животно: крава, камила, куче, коњ - плачел и се тресел од страв.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)