9. Ѓаволот ќе знае зошто го помнам сонувачот Маркс Баш во пабот Spanniards Inn во Лондон Но кога веќе го спомнав пабот Редно е да ви кажам дека таму често навраќаа И поетот Џон Китс и писателот Чарлс Дикенс Обајцата беа големи љубители на сонувачки пасијанс Па си редеа ред сон ред јаве И уште ред смеа ред тага Отпосле за нив се дозна дека му припаѓале На редот на големите сонувачи
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)