- Знам, ти си за мене, со потсмешлива тага се наведнала; веѓите жестоко ѝ се извиле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Стоев, само на полноќ, под белата месечева светлина и од тага се расплакав.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Тој клеко не е за тебе. Ни тој, ни другите од селово.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мајка ми, многу често со тага се сеќава за некој албум.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А тагата се зголемуваше кога погледот ќе поминеше на бастунот, потпрен на миндерот до неговиот колк, бастун направен, знаеше синот на Тајко, од најубав див трендафил.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)