1. Кога те сретнав беше минато
крстоносна селидба, смртоносна веридба
сега спомен долг таинствено ме коле
љубовта со тага ме дои, нелулани мои
во мене некој исконски бол е,
сама сум како заборавено време.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мене сè повеќе тагата ме притискаше и сон не ми идеше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Неговата тивка тага ме спречи да се расприкажам како што си имам обичај, да почнам да го распрашувам кого тоа сака да научи, зошто, како.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)