- Него го убија порано, во Марсељ, се сетив за декретната жалост во гимназијата. Тагата имаше долг опаш.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кога стигна во цареви дворје Слугите го пречекаа сите Им раскажа за целата тага Имало бог да куртулам од мачната сага.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Колку убавини, толку таги има Што не сум ги начнал и не сум ги сетил, Толку предели што не сум ги посетил, Што не сум ги насетил и преселил Во окото, во душата, оскорушата На есен, тополата разголена, разболена Од лисјето пред паѓање, пламенот на згаснување Толку убавини, а празнина во душата.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)