таван (имн.) - бев (гл.)

Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Проклет да бидам, тоа беше радост. Ноќите поминати на таванот беа најубавите часови во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Погледнав нагоре – таванот беше цел покриен со кромид, пченка, суви пиперки и лук.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Влеговме во една куќа во која имаше двајца старци и една жена од педесетина години.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сите ѕидови на просторијата од душемето до таванот беа во регали со книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)