Идиомот, ако го има, она по што препознаваме нечиј потпис, не се присвојува, колку и парадоксално да звучи тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од старото сфаќање за опусот повеќе би сакал да ја задржам вредноста на единственоста, а не идентитететот по себе или склопот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На 13.11.1903 год. утрото по разговорите со К.Мисирков и Ст.Јакимов кај него дома во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Пишувајќи Ви ги моите лични сфаќања за иднината на мојата татковина Македонија, ги имам предвид големите опасности што се кријат во сепаратистичкото национално движење меѓу еден дел од македонската интелигенција, кое зад себе веќе влече и македонски народни маси, особено во Југозападниот дел на Македонија, со центрите во Охрид, Ресен, Битола и Прилеп”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Исто така ја поттикнував, врз основа на овие посакувани правци на развој, да размисли и да каже што смета дека е важно во нејзиниот живот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За време на разговорот, Еми почна појасно да ја артикулира пожелната верзија на она што би можела да биде, онаа која ги вклучува алтернативните сфаќања за животот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Задоен со старински сфаќања за бракот и семејството никако не го прифаќаше тоа што му се зборуваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во согласувањата меѓу особеностите на работата на сонот, истакнати на почетокот на овој текст, и оние кои истражувачот на јазиците ги откри во праксата на најстарите јазици би се осмелиле да видиме потврда на нашето сфаќање за регресивниот, архаичен карактер на начинот на кој мислите се изразуваат во сонот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не можеа да се споредат овие две работи.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Хичкок во текот на својата работа во Америка помина низ многу фази, постојано барајќи нови можности на изразување, одговарајќи на новите предизвици и продлабочувајќи го своето сфаќање за светот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Отишол и во Врховниот комитет, каде што Сарафов го прифатил неговото сфаќање за опасноста што ја криело револуционерното движење на Македонија за интересите на великобугарската кауза во Македонија и му ветил дека Комитетот ќе направи сѐ за да се постигне „согласност" со Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Не мислам на „лицето што го тргна“ туку на твоите сфаќања за љубовта.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)