На перонот останаа тие мои најасакани суштества на светот, а нивните раце правеа движења како птици во лет и стануваа сѐ подалечни и едвај видливи.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ги прегрнав и силно ги избакнав двете, тие за мене најсакани суштества на светот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Некои од нас сонуваат
необични животни
со гриви возвратени околу вратот
со набрекнати и за кас спремни бедра
како млади гиздави девојчиња
со копита за долги копкања
суштества што ’ржат и се пенат
од милост што се топат
суштества на јаве невидени
невјавнати, на лов неоднесени
би рекол и незауздани, неоседлани
неразждребени
а не знам од каде ми навираат зборовиве
непознати како животните
и бистрооки.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
За Херодот јагулата била најмистериозното суштество на планетата и ѝ го одредил местото на врвот на планината Олимп.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Екологистичкото инсистирање врз избегнувањето на страдањето може да е вистинито кога станува збор за животните, за коишто можеме да речеме дека се придвижени со инстинктот за самоодржување; но, кога станува збор за луѓето, важи спротивното - како суштества на јазикот тие битно се означени со силата на самоуништувањето, т.е. со нагонот на смртта.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во присуство на Томо, таа беше најневиното суштество на жена, свекрва и мајка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)