сурија (имн.) - дете (имн.)

Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таму веќе беа Лета, Вања и некои момчиња што јас не ги познавав, но Лета нè запозна со нив и се оформи една голема весела и разговорлива дружина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред „Лондон” отидовме цела сурија деца од Капиштец: Снеже, Тања, Мацка, Весна, ... дојде дури и Горан, кој ми е многу добар другар, но не излегува со нас оти си има девојка, но беше замината на летување, па и тој нѝ се придружи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)