сурија (имн.) - говедо (имн.)

Тој го виде во својата фантазија тој негибнат крај Мариово. My излегоа пред очи богатите села и селани домаќини, кои имаат полни ќесиња пари, булуци овци, сурии говеда, ергелиња коњи и наеднаш си претстави како сето тоа по пет-шест дена ќе биде негово и тој ќе стане најбогат човек не само во прилепската нахија, ами и во целиот битолски санџак, бидејќи целото тоа богатство ќе им го земе на селаните и нив ќе ги подјари да работат за него, да му робуваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Најпосле, околу пладнина, овие примија за богаи ги навртоа, како сурија говеда, на реката, каде што изналегнаа ничкум и си ги наквасија своите поцрнети и испукани усти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)