А можеби ќе утврди до кого беше вината за тој неред и ќе ги ослободи. – Можеби – нема ни да се интересира – претполагаше поп Димитрија. – Просто како нов султан ќе им даде на сите затвореници една царска милост и со еден берат ќе ги помилува.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Султановите војници како прво и главно одличје ја имаа лажицата, а и воените единици биле организирани како вид кујни, вишите офицери, биле именувани за чорбаџии, а секој одред располагал со свој казан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
– А вие – им се обрати на сужните – ќе бидете ослободени од прангите и затворот и ќе си одите во вашето Мариово заедно со овој ваш син и брат Ангелета, како што сте го викале порано, но ќе гледате да не се посрамотите со нашиот падишах.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Султанот би бил против, ама зар султанот ќе знае?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јаничарите израснати во и крај царската палата султанот ќе го сметаат и за нивен симболичен татко, кој ги храни и воспитува, ги подготвува да војуваат за него и царството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мариово останува и понатаму султанов хас што ќе дава сто илјади аспри годишно, кои пари лично на султанот ќе му ги носи секоја година мариовскиот земски кмет што ќе си го избира народот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)