Затоа тој му го остави писмото на еден од везирите што ги бркаше царските работи и му кажаа дека луѓето што се споменуваат во писмото му се предадени на мудурот во затворот; кога ќе се врати султанот таму да ги бараат. Co тоа тој си ја исполни својата задача и по два дена си ги собра сејмените и се врати во Прилеп.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)