LXXIV. Припадниците на споменатата вера во иднина нема да можат да бидат дополнително обременети со ниедна обична или посебна задача повеќе од католиците, и тоа во склад со својот имот и способности. (...) Објавено во Нант, во месец април во милосното лето илјада петстотини деведесет и осмо на нашето владеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
XXVII. За што повеќе да ги приближиме желбите на нашите поданици, што е наша намера, и во иднина да ги отстраниме сите жалби, изјавуваме дека, без оглед на спротивните заклетви, сите што ја исповедуваат или ќе ја исповедуваат верата што се прогласува за реформирана, се способни да го задржат својот сталеж и чести и да вршат секакви јавни, кралски, благороднички или градски задолженија во нашето кралство, нам покорните земји, територии и феуди, и мораат да бидат на тие места примени и нашите високи судови и други судии ќе примаат податоци и факти за животот, обичаите, верата, чесните начини на комуницирање на сите оние што ја исповедувале или ја исповедуваат како едната така и другата вера, без од нив да се бара друга заклетва освен онаа дека при вршењето на своите обврски добро и верно ќе му служат на кралот и ќе ги почитуваат наредбите, како што од секогаш важело. (...) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 95
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
ХЕНРИ okno.mk | Margina #32-33 [1996] 96 Андреј Илц НЕСПОКОЈСТВОТО ВО ПОПУЛАРНАТА КУЛТУРА “Free your mind and the rest will follow. Be colour blind don't be so shallow.” (En Vogue) “Нема да тврдам дека мора оној што ги почитува Hueu Lewis и Phill Collins, безусловно да стане масовен убиец, но сигурно има за тоа добри предиспозиции.” (Американскиот писател Bret Easton Ellis за Patrick Bateman, јунакот на неговиот роман Американски психо) Овој напис бара воведно појаснување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се присети и на онаа приказна од светите книги во која судијата ќе пресуди детето (за кое секоја од двете мајки тврдеше дека е нејзино) да биде располовено на еднакви делови бидејќи немал доволно аргументи која е вистинската мајка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)