судбина (имн.) - свој (прид.)

Пелагија турува солзи и зборува, мора докрај да ја отвори судбината своја и приказната за неа и Димостена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само отец Лествичник сѐ уште гледаше во сочинението, како во најцрна судбина своја да гледа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За чашата негова се говори дека чашата била полна ѕвезди, и дека на папок личела, и дека во неа Соломон ја гледал судбината своја и ја црпел мудроста своја, како од книга, и дека таа му велела како да постапува во војна а како во мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)