Нема да останам во минатото, љубовта не е дух, судбината не е предодредена, судбината ја градиме ние, не се откажувам, не е завршено, бескрајот е последна станица а во следниот перон сум јас, тргнав за да бидеме заедно, зошто никогаш не се изгубивме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Најдов сила да простам, во моето срце има место за една љубов,дојди и кажи ми една добра причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тетратка запишана, судбината ја кроти.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Во 42 г. пне. се одиграла решавачката битка кај Филипи во која Касиј бил поразен и се самоубил, а само неколку дена покасно истата судбина ја споделил и Брут.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Од восхитот со кој му зборуваше Камилски на Татко за руските класици на литературата, најмногу откривани од читањето за нив во делата на Андре Мазон, Татко можеше да утврди лесно од каде потекнуваше прорусизмот на неговиот пријател, кој подоцна, продолжувајќи во просоветизмот својата судбина ја насука во сталинизмот, што можеше да го чини глава на Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но Климент Камилски најголемата благодарност и восхит му ги должеше на Андре Мазон, кој ја беше утврдил посебноста на македонскиот јазик, близок до српскиот и бугарскиот, но различен од обата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Западниот човек (според енциклопедијата на Литре), судбината ја претставува како след на однапред препишани, неизбежни настани.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)