Татко ми, со судбина каква што имавме, не сакаше имињата на своите деца да ги врзува за светци, војсководци или други славни луѓе.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко, со егзилска судбина каква што имаше, својот источен сон го одржуваше во себе и во својот дел на балканвавилонската библиотека.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Што ќе стане со јагулите, со нивниот вечен пат, во татковата свест всушност значеше што ќе се случи со луѓето, со луѓето со бегалска судбина каква што имаше неговото семејство?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И така, Пискулиев се откажа од намерата за бегање, се помири со судбината каква што е и каква што ќе дојде, а тоа и го поуспокои и го врати во неговата обична рамнотежа на духот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)