Палестинците од 1969 година кога Арафат го презеде раководството на ПЛО не видоа бел ден во нивната окупирана земја, нивната судбина остана непроменета.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Годината 1988 можеби беше пресудна во борбата и животот на Јасер Арафат, најсилно данајски привлечен во лавиринтот на стапицата, макар што во таа година беше убиен најблискиот негов соработник Абу Џихад.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, сега ја нема и Мајка. Со судбината останав сам крај Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)