Татко го најде и другото значење на зборот табан на турски, кое се однесувало на железниот дел на пушката помеѓу кундакот и цевката, кој се прави од посебен вид железо, познат на турски како taban или namli.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Речиси слична судбина имаа и турските заемки бут, горниот дел на ногата (на турски bud, на романски but, butura, на новогрчки buti итн.); табан, стапало (од овој збор потекнува заемката дустабанлија, на турски dztаbаn, што значи рамно стапало).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Има зборови кои не трпат објаснување, тие самите за себе и по себе ја содржат сета содржина пластена во нив во текот на времињата. Таква судбина има занданата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Често ќе чуел од неа некој сожалив збор упатен кон него тешејќи го или влевајќи му надеж и храбрејќи го во мигови на разочараност и депримираност да издржи, зашто такви судбини има многу на земјава, дури и полоши, потрагични од неговата - а сега никако.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Работиш, чепкаш и в раце ти доаѓаат предмети што лежат в земја илјада години, предмети што ги изработувале и употребувале луѓе за кои знаеме само дека постоеле, а како се викале, како живееле, какви судбини имале, не знаеме...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А можеби и ветрот има невидлива дланка и баш сега пресметува колку судбини има во една невидлива дланка?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Што знаат децата во куси пантолони колку судбини има во една испружена дланка?!
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Татко прв прошепоте во ноќта: - Мила моја, книгите судбини имаат. Книгите судбини одредуваат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ќе признаам, многу се изненадив кога уште при првата средба со почитуваниот Никола Леко открив дека тој нема разбирање за моите постапки а таква судбина имаа и аргументите кои требаше да го оправдаат моето однесување откако прифатив своеволно едно од ропствата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)