суверенитет (имн.) - на (предл.)

Суверенитет на граѓанска слобода, ама онаа слобода која произлегува од превземањето на одлука и одговорност за ризикот на истата!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не беше лесно за стариот да се реши, зашто досега никогаш тој не прибрал туѓи луѓе во своја куќа, или подобро речено на своја територија, бидејќи ова катче заградено со поцрнети штици, негдегоде накривени и проретчени, го чувствуваше како некоја своја посебна држава, за суверенитетот на која постојано трепетеше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во 1831 година Грција доби автономија под суверенитет на Султанот и стана Кнежевство.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Истото тоа се поддржа од признавањето на суверенитетот на Душана во Македонија и од улогата на нашите големци во неговата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)