5. Останати промени Во однос на останатите промени кои ги предвиде единствениот ЗИД, беше укината должноста на помирувачот и арбитерот стручно да се усовршуваат(!?) (чл. 37 од ЗИДЗМРРС/14), а дополнително се утврди обврска овие лица по еден примерок од склучена спогодба за решавање на колективен спор, односно за донесеното решение за индивидуален спор да достават до министерството надлежно за работите од областа на трудот, во рок од пет работни дена од денот на склучувањето на спогодбата, односно донесувањето на решението (чл. 38 од ЗИДЗМРРС/14). 95 Закон за медијација, Сл.весник на РМ, 188/13. 105 ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА Законот за парничната постапка (2005)96 во периодот обработен во студијата има претрпено само една измена во 2010 година.97 Сепак, се работи за доста обемна рогација со која се изврши изменување и дополнување на речиси 1/4 од вкупниот број на одредби кои ги содржи ЗПП.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Кога треба да се спроведе терапија, спроведувањето на терапијата е сѐ што е, затоа, нема ништо вон тераписката средба што може да ни помогне да разбереме што се случува во неа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)