Тоа беше како прв пат да запалиш електрична струја во куќа која знаела само за темнила и газиени ламби.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во своето прозно творештво како професионален сатиричар, соработник со повеќе руски, не само советски весници и списанија, Михаил Афанасјевич е следбеник на онаа струја во руската литература и потесно, сатира во нашиот случај, што своите корени ги има во творештвото на Н. В. Гогољ, што не е тешко да се забележи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А критички, публицистички, есеистички и воопшто, научно-литературни спорови за таа книга се водат и денес.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Едни ја исклучиле струјата во викендичката во Бестрага, а оној што чита 10 месеци му пишувал киловати по паушал и го задолжил за неверојатна цифра, па извршителот му дошол дома да му наплати со седечката гарнитура и витрината заедно со телевизорот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Психоделичноста на шеесеттите обично се припишува на фамозното хипи движење, на коешто денес се надоврзува New Age, а природата на New Edge-от поправилно е да се припише на нивните претходници, на beat генерацијата. Beat гуруата како Вилијам Бароус (William S. Burroughs), Тимоти Лири (Timothy Leary) и Ален Гинсберг (Allen Ginsberg), се денденес херои на новиот посттехнолошки или cyberpunk бран. Cyberpunk-от прво се појави како нова литерарна струја во почетокот на осумдесеттите меѓу американските писатели на научна фантастика и предизвика расцеп во дотогаш единствената SF сцена.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Еден студен зимски ден, Џ дозна од маалската алапача Мара дека неговите гладни соседи ја исклучиле струјата во зградата за да се нагостат со пингвините.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Снема струја во топол летен ден и умреа од жештина пингвините што Џ ги чуваше во големиот фрижидер.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)