стрина (имн.) - му (зам.)

Потоа дошле и стрина му и чичко му и другата тетка и татко му и сите биле многу радосни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојан се насмеа слатко кога стрина му Митра му рече дека неговиот другар Крсте се жени и дека треба и тој да бара чупе да се жени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вчера, кога се вратил дома, мајка му веќе била отидена на клиника, а го пречекала тетка му.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ташко ни раскажуваше за настанот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Тие беа скарани, попе, рече Уља Мегленоска, стрина му на Роден Мегленоски.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се распиштеа и децата, а стрина му Кулевица ѝ притрча во помош: — Чуј, слепелнику ослепел, шо ќе направиш, мајка ти ќе си а удавиш!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)