стрико (имн.) - му (зам.)

Се загнаа татко му и стрико му и го откинаа Муарема со многу извинувања „да не фаќа кусур на детето", бидејќи е лудо и аџамија, не знае што прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Каде, бре синдрак, каде ќе кршиш глава? — го дочека татко му на големата врата како и стрико му на малата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас кабул не а чина ни на вој век ни на тој! — заврши Толе лутито и сакаше да излезе, да избега од оваа срамна ропска куќа, но вратите веќе беа фатени — големата од татка му, малата од стрика му.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најдо се израдува што така бргу ќе му се исполни желбата да си одмазди за нивата и маките во јамата од стрика му. — Јас — рече — ќе ода напред.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќути да не се врате да чуе па да не запале овде сете да изгореме, како глувци! — вели стрико му Куле и почна да го советува да не си го брка касметот што му го навеал господ, благодарејќи на милоста од бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги стегнаа татка му и стрика му на Толета, но тие ништо не можеа да кажат, бидејќи ништо и не знаеја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко му на Орцето Ѓошо и стрико му Петар биле трговци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како што ми раскажа момчето, стрико му му кажал кога, зошто и чие било востанието.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стрико му многу пати доаѓаше во Скопје, по цели ноќи остануваа насамо со татко му, ама Атанас и мајка му никогаш не дознаа колкаво долго било писусчето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Едно роди Сирма и уште едно не кукна. Го крстија на стрико му Ангеле – пленетиот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вечерта дојде и стрико му на Зоки. Додека другите се поздравуваа, Зоки гледаше во неговите раце. Но, тие беа празни.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И стрико му му донел балон. О, син балон! Уште поубав од жолтиот што му пукна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)