стремеж (имн.) - ѝ (зам.)

Еден начин да се прави сето тоа може да биде ако некакo се протнеш во светот на гламурот и ексклузивноста, но не мора да стекнеш богатство за да се искачиш до позадоволителен, поубав и порафиниран живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се состои од способноста да се добие задоволство и да се одживее фантазија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-естетизмот овие нуспроизводи на туѓите сериозни, смислени стремежи ѝ ги прикачува на сопствената иронична, раздружена потрага по задоволство.279 ‌Машката геј-култура копнее, пред сѐ, по слободата и моќта да си го задоволи вкусот за убавина и стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како предмет за естетска наслада го зема она што другите го создале чисто заради употреба – случајно убави нешта првобитно создадени со некоја конкретна, практична, навидум вредна намена: прекрасни тела обликувани без умисла благодарејќи на спортски натпреварувања или на тешка физичка работа, величествени згради изѕидани во текот на националните или индустриските соперништва, отмена облека наменета за задоволување на потребите на високосталешкото фалбаџиство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може да добие облик на копнеж за богатство и за општествена повластеност, но нејзин белег е стремежот да се оствари позадоволителен начин на живеење, живот во префинетост, во углед и во задоволство; не се стреми кон општествена надмоќ заради самата општествена надмоќ. ‌Ако машкиот геј-естетизам поттикнува идентификација со повисоките сталежи, тоа е затоа што машката геј-култура го претпочита задоволството повеќе од употребноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеш да го правиш тоа на начини што во суштина и по стремеж ѝ припаѓаат на средната класа: да пееш со снимки од бродвејски мјузикли, да распоредуваш цвеќиња, да собираш предмети, да одиш по клубови или едноставно да си го разместиш мебелот баш така. (Оттаму и вицот: како знаеш дека лебарките ти се геј?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)