стреа (имн.) - на (предл.)

Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
После толку време, толку свет поминат, скоро под стреата на сопствената куќа да минеш и со своите да не се видиш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По стреите на ниските куќи ќе се влечат проѕирни сеништа. Негде ќе струже невидливо штурче.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А дождот врне по стреата на ноќта во која свети далеку една недосегната ѕвезда.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Паметам оти по сокаците таа вечер, речиси секоја година, имаше крцкав снег. по стреите на куќите висеа долги мразулци, а сињакот ми ги боцкаше ушите и ноздрите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А кучињата, штом ја видоа светлината пред колибата, со квичење, со свиткани опашки и страв што се гледаше во нивните движења, се привлекоа кон светлината и се сместија едно крај друго, пред стреата на колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со лименката наполнета до половина, се враќа под стреата на бараката каде што живеат падавичарите и седнува покрај Нумо, кого неодамна го донесоа од Сук.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Никој не ги спомнува ни Шекспир, ни Набоков, а еве, уште еднаш се разорува Алепо и стариот сириски град уште еднаш станува голема празнилница на сите надежи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сонцето потајум се затскрива под стреата на старото училиште во Алепо.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Не прикривај се под стреите на новоградбата, зашто не ќе те видам во ова темнеење.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Го проголтав последниот залак ќе ги откорнам оградите, на дијалектичко кодирање светот меѓу постоечкото и подвижното Во рушевините на новоградбата, чекорот остана зад мене Лутам по брегот од поларна капа Сахара со синџир песочен оков закотви околу мене Судниот ден небото ми го испрати, Се засолнав под стреите на реторички фигури
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Така опстојуваше нивната љубов, како постојана и најсигурна стреа на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во Влора минаа рајски денови, под стреата на прекрасната семејна добрина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)