Многу од тие видеотеки во Сиднеј и во другите геј-урбани средишта досега веќе пропаднале: оној вид на општествено учење што некогаш го крепеле, сега го презеле интернетот и неговите страници за друштвени мрежи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Последнава забелешка, патем, нема за цел да им спушти на оние меѓу нас што одат по бањите, по сопчињата и по секс-клубовите; таа треба само да потсети за што тоа, всушност, служат тие машки геј-институции.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Не е некакво чудо што пријателине во Бостон можеле да изградат траен содружнички живот, додека геј-бањите, сопчињата, секс-клубовите и страниците за мување на интернет цутат од трговијата со геј-романтичарите, кои си ги претпочитаат сопствените илузии, сопствените мечти за љубовта, а не некакви вистински луѓе – луѓе кои, на крајот на краиштата, не можат да им ги одржуваат тие илузии, барем не многу долго.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во протестното писмо посебно се нагласило дека интервјуто е објавено во време кога вистината за Југославија станала позната во светот и кога британскиот премиер Винстон Черчил ги величел успесите на југословенските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Врховна мудрост е сопствениот љубовен живот свесно да го живееш како мелодрама – сосема да сфатиш (иако не мора тоа да биде322 експлицитно) дека мелодрамата значи и деградиран жанр на книжевен дискурс и унедостоен прагматичен жанр на емоционално изразување: презрен, феминизиран, смешен, тривијален стил на изразување на сопствените чувства.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На овој обид на Константин Фотиќ реагирал Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, кој на 26 април 1944 година упатил протестно писмо до Редакцијата на весникот „Њујорк тајмс“, изразувајќи притоа чудење зошто такви сериозни весници како „Њујорк тајмс“ и „Њујорк Хералд трибјун“ отстапуваат простор на своите страници за мистификациите во врска со Дража Михаиловиќ, упатени од членовите на реакционерната Југословенска влада во емиграција, на чело со нејзиниот претставник во САД, амбасадорот Константин Фотиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Да ги проѕреш сопствените еротски илузии без да го лишиш предметот на својата љубов од достојноста да биде љубен, да се одречеш од следувањето почит додека и понатаму ја бараш почитта, да љубиш и да бидеш љубен без да внесуваш во својата љубов достоинство: ова е можноста што традиционалната машка геј-култура им ја нуди на своите приврзаници.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)