Насетував како ги прелистува последните страници на секогаш истата света книга, низ трите книги Библијата, Коранот, Талмудот, низ само една страница која завршува како свет мост, како допир на другиот во животот и отаде него...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Додека се обидував да го протолкувам реченото кое оставаше многу празнини, бели страници кои можеа да се исполнуваат со различна содржина, главно како претпоставки, а јас не бев склон на таков вид размислување и градење односи со луѓето околу мене, Ема се надвисна над бирото, поземајќи ја пепелницата и, свртувајќи се, повеќе несмасно отколку планирано (така ли беше?, не знам!), со врвот на цицката, потприбрана во тесната блуза со длабоко деколте, благо ми прошета по надлактицата од левата рака.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Требаше да биде напишана страница која ќе ги зближува луѓето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги бараше страниците кои беа обележани од пепелта на Татковите цигари, која тој не стигнуваше, занесен во читањето, да ја истури во пепелникот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)