Привилегија беше да добиеш „беби системче“ во дланката од горната страна зашто така можеш да ја движиш раката, да си ја подместиш перницата и да читаш книга... дури научив и да плетам, со иглата в рака додека сестра Лиле и Зоре ме боцкаа, а најдобро, речиси безболно, тоа го правеше Стојанка од шок-соба, но таа доаѓаше кога другите се откажуваа по неколку неуспешни обиди.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)