страна (имн.) - вообичаен (прил.)

Иако таа страна вообичаено беше резервирана за семејството на зетот, таа се договори со ќерка им да седи таму, оти не можеше да поднесе дури ни да седи во негова близина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кучка, го мразеше и по петнаесетте години колку што беа разделени, и по куќата што ѝ ја остави за во неа да си го донесе новиот маж, и со парите што сѐ уште му ги земаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)