стракче (имн.) - трева (имн.)

Афирмирањето на молкот во период кога сѐ (и каменот, и птиците, и татковината, и огништето, и мајката, и стракчињата трева...) се подготвува токму за него, новите песни на Анте Поповски забрзано ги населува таму кај што досега не биле: во пределот на стравот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На вратата од другата соба пајакот ја крпи својата мрежа што синоќа Богдан му ја скина кога ја отвори и ѕирна во собата и од каде што го удри мемла на влага во носот; од прокиснување на покривот на подот изникнале стракчиња трева што повремено се сушеле и обновувале мачејќи се да зафатат живот во мрачната соба каде што им залутале семињата носени од дождот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И заповеда од мене насила да ги симнат крстот и расото!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тогаш, низ пламен, јас сам во пламенот ги фрлив и расото и крстот но приграбив дел од свитоците кои сè уште не беа зафатени од пламенот и легнав врз нив, јас Антонио, сега стракче трева изгорена меѓу дамнините и заборавот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Предел На Ефтим Клетников Има еден предел во кој секому душата е море и каде никој не пие вино и каде никој не знае што е правда и неправда што е никој не знае ни што е добро - ни што е зло - ниту пак знае сведок што е и обвинение што.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Бојан скина стракче трева, почна да го гмечи меѓу прстите, да го мириса.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа е таму ѕвездите кај што се под тебе и каде што секој секому семе за стракче трева е.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Откинува ново стракче трева, го џвака и, откако устата му се наполнува плунка, ги токми усните и, како гуска што тешко голта, ја подава брадата, си го оптегнува вратот и исплукува низ заби.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)