Целиот свој живот преку своите дела брат ми се обидуваше да докаже дека есенцијата на човековиот род е вината: секој беше виновник, затоа што секој некогаш бил дете, а секое дете во натпреварот за љубовта на својата мајка ја посакало смртта на својот противник - таткото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И кога брат ми се сети на нив, на оние чија крв ја носевме, нивните страдања ги спомена само попатно, кога за тие страдања ги обвини самите нив, страдалниците: “Со тоа тие на некој начин на себе си ја натовариле тешката вина; си дозволиле заради тоа мачно да истрадаат.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Истото искуство на страдање ги собира околу козите овие селани од различни етникуми и конфесии.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)