страв (имн.) - му (зам.)

Бодеж од страв му помина низ телото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А еве, страв му е... Згрешил ли нешто?... Остави го ти ова... Цвеќиња. Сонце...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Без страв му заговори и за другите работи што му ја труеја душата, истури порој остри зборови против старите мајстори: - Кажи ми, не ли сум те слушал?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Смртен страв му го огрди лицето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Страот му е даден на човекот, исто како и сѐ друго што го прави човек; па така оној што го изгубил него е исто толку нецел, како да останал сакат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ме гледа и како со умилен глас да ми вели: - Убаво ли е, сине, ми ти се допаѓа ли домчево, кажи што не ми ти достига, татенцето сѐ ќе стори за моето соколче, - чинам така ми вели татенцето и јас сѐ поблиску приоѓам кон него, божем ќе му се фрлам во прегратките, ќе го гушнам како роден татко, а тоа од страв му се доближувам да не ме запне од подалеку, да не ми го скине главчето, та без главче да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Што си ти: дух или нешто слично? – продолжи со зачудувачки тон во гласот да прашува Еразмо, додека срцето од страв му биеше како лудо, чекајќи го одговорот на старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Морници од страв му го облеаја целото тело.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Својот страв му го пренесуваше и на дедо, ама тој велеше дека ќе му мине ќефот по книгите на синот, штом ќе се ожени, дека ќе го навасаат тогаш други грижи и ќе запре со читањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Морници од страв му пролазеа по телото при самото споменување на името на грофот Чано, некогашниот министер за надворешни работи на Италија, „задолжениот” од Дуче за окупацијата на Албанија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Што ти направи, братче Јоне, со страв му вели Уља, јатрва ми, што ти направи, вака да ја мачиш? - Прдна, викнува Јон и луѓето се засмејуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но стравот му попушта, кога шоферот го запира автобусот, и кога на вратата ги пречека еден водич и им вели: ”Добро дојдовте во Помпеја...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)