страв (имн.) - ми (зам.)

- Мене ми е страв, страв ми е, Миле. Не е шега таа работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Зошто викаш и плачеш? - Страв ми е...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некој му рече: - Зарем не ти е страв? А тој вели: - Море страв ми е само од нашите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заправо, единствената убава асоцијација што театарот ја буди во мене е сеќавањето на Пепи Мирчевски кога играше некоја античка драма на Охридско лето, а актерскиот костум му го беа накитиле со кондоми полни со вода - ние му викавме: „Пепи, пази да не се запиеш некаде со кондомиве“, а тој ни одговараше „Не ми е мене страв да не се запијам, страв ми е да не се заебам!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Страв ми е да кажам дека кај многумина од луѓето забележувам напори, слични на оние на Форест Гамп.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
СИМКА: Страв ми е... Што ќе рече светот?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Ете што направи!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Стравот ми помина, велам, но очите ми останаа големи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тики: Мислам дека е најодвратен! (Беки погоден силно грокнува и отрчува во аголот) Што ќе правиш со нив?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: А што можам? Ќе го чекам Божик, а испеченото месо ќе им го подарам на сирачињата од домот. Само страв ми е.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
СУЛТАНА: Страв ми е. И вака мислам дека сум двајца, вака ќе мислам дека сум четворица.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СОЊА: Мораш да му помогнеш на Матеј, тато. Лежи таму пијан, дрогиран. Страв ми е од него. Не го разбирам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СТЕВО: Мислев дека ти е страв од темно. СИМОН: Страв ми е и од светло.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сакав да викам на помош, ама грлото од страв ми беше стегнато, а сето тело ми трепереше како да ми студи, иако температурата во Египет тој ден беше околу четириесет степени.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Страв ми е дека толку ќе се пикнам во тебе што не ќе можеш да се ослободиш од мене. Како крлеж.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не, ми е срам, страв ми е. - Од што да ти е страв? Толку сум страшна јас?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не знам веќе што постои... Страв ми е... Ми се повраќа...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Еден ден се будиш во стаклен ковчег, ко заспаната убавица, но контекстот потполно е изменет!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Правев звук на кастенети...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никогаш немаше да поверувам дека можам да направам внатре таква бура...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Постои еден стрип... -Страв ми е од тоа - вели Бедмен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Страв ми е, вели овој, како не ми било страв?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)