Се исплашија луѓето и отрчаа на брегот, се искачија кај дувалото да видат што се случува, како дошло до избивање на чад. Гледаат како чадот излегува, се ежат, стравот им лази по коски, слегуваат од брегот исплашено, панично.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Затоа, кога на портата затропа судскиот поштар, сега веќе сите го препознаваа, страв им влезе во коските.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Трет пеан: Букефал Глас: Коњот што Филип сакаше да го купи, штом се зададе пред очите на момчето Александар, тој мирно ги следи обидите на сите, коњот да го скротата: „Што пркоси овој со својата смелост та сите ги кутиња од плеќи, страв им создаде сред срце да побегнат пред него.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Страв им втеруваше на луѓето и рикањето на биковите кои се колеа за војската.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)