стотица (имн.) - друг (прид.)

Знаете, Суља го испратиja уште пред десет години кај алахот, a no него и стотици други, и ние се направивме за резил.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нагласувајќи дека „официјалните и неофицијалните негирања не можат да ја скријат од американската јавност антинародната политика на сегашната Грчка влада и трагичната судбина на македонските Словени“, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз барале грчкиот амбасадор Дијамантопулос да ја информира Грчката влада во Атина за ставот на „десетици илјади Американци од македонско потекло, како и милиони слободољубиви Американци“ кои „се многу вознемирени од овие настани“ и „да биде ставен крај на теророт на профашистичките банди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во писмото Грција се обвинувала за започнатата "кампања на терор, со цел истребување на Македонските Словени во грчкиот дел на Македонија поради што пребегнаа преку граница, барајќи засолниште во Југославија", а додека "стотици други беа мачени и убивани".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Повремено некој човек, за кој си мислел дека е одамна мртов, повторно се појавуваше како дух на некое јавно судење, на кое со своето сведочење ќе обвинеше уште стотици други луѓе пред да исчезне, овојпат засекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И ете, покрај се, останав и јас и стотици други живи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Звуците на стотици други животи околу неговата осаменост ги поклопија ѕвоната на катедралата над неговата глава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Имаше место во последната клупа и изгледа дека беше задоволен со тоа, зашто таму, во аголот, другите деца викаа, се префрлуваа преку клупите, се маваа со сунѓерот, ги влечеа девојчињата за прцлињата и изведуваа стотици други ѓаволштини, тој седеше стуткан во својот агол, отсутен, со мислите далеку од она што се случуваше околу него.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)