стотица (имн.) - генерација (имн.)

Во нив се напластени знаците на животот на стотици и стотици генерации во текот на повеќе од пет века... Mais, revenons nos moutons, mon vieux! (Но, ние да си се вратиме на нашите овци, стар мој!)
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ја разбра алузијата преку оваа француска изрека од една фарса (од времето на Рабле), дека треба да се вратат на приоритетната работа, се насмеа и во весел тон продолжи: Во право си, пријателе, зборови многу, а време малку!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најблаго речено, нешто слично можел да доживее некој од мене разделен со стотици генерации, некој над чија черупка безгласно сум стоел во Музејот на животот и смртта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)