Приказни смислувам, митови, стории
за да те кажам: те именувам, ти се обраќам
и те сликам, те олицетворувам, те отелотворувам
и, да признаам, сѐ што сум напишал досега
до тебе обраќање е:
веслање по вода, воздух, етер, земја
учење на твојот јазик
следење на твојот пат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Марија Канан Топло и со многу љубов раскажана сторија за жена која и самата зрачела со топлина, љубов, милост, добрина и која, секако, заслужила да се овековечи во сајбер читалната.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Телевизиите сигурно би емитувале интересни стории за чудното место, но ниту еден репортер не се враќаше од снимањето.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)