стопанка (имн.) - на (предл.)

Всушност, нѐ сопре стопанката на хотелот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оставија само расфрлани книги по подот, оставија неколку откорнати штици, под кои не пронајдоа ништо, ја оставија вратата отворена; вратата чкрташе како ѓаволот сето време потоа, а онаа стара жена, стопанката на куќата, што живееше во собата веднаш спроти онаа отворената, неколку дена немаше смелост ни да ја затвори и по цели денови одеше изврзана со крпа преку ушите за да не ја слуша како чкрта и при најлесно ветре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не се излагав. Во ресторанот ме пречека една средновечна жена од Херцеговина, која ми се претстави како стопанка на ресторанот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)