столб (имн.) - на (предл.)

Пљачката Толе ја насочил на друга посока, пљачка државни имоти, та удри, ете го, дури директно на самата војска, на столбот на царштината.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како некакво тотално прочистување, аскеза речиси, при што почисто ќе се лоцираат оние пар ентузијасти („фрикови, особењаци, откачени”) коишто се токму некакви столбови на духовност на оваа инаку моронска социјална градба?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Меѓу другото и затоа што цивилизациски и културно (и психолошки!) демократски ориентирани кадри ние речиси и немаме; идеолошки неконтаминираните стручњаци што можеа да станат потпорни столбови на еден нов демократски (децентралистички!) државен концепт во голема мера избегаа (и сѐ уште бегаат!) вон земјава, оставајќи им на старите моќни патријархалци да го поделат тој беден колач (и онака речиси изгрицкан, она што фактички имаме се долгови!) главно меѓу оние што тие ги избрале за наследници, и тоа според добро познатите критериуми на тн. негативна селекција што подразбира послушност, пред сѐ, а потоа и непотизам, корупција итн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Траверза- препречница, која како попречен бедем се спротиставуваше на секој отпор, при тоа препречена во ходникот на животот му се спротиставуваше, истовремено потпирајќи го како негов главен р`бет, столб на кој животот се држеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го бодна коњот со факелот и газејќи ги кучињата, стигна навреме месечината да му покаже како девојката се губи во столбовите на шумата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Беше младо и јако стебло во својата увереност: на седум рида лежат седум чуда, седум потпорни столбови на човечката мудрост: Аристотел, Поло, Галилеј, Њутон, Дарвин, Кох, Ајнштајн.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во своето време тој бил најдобар ѕидар на камени мостови, но не била само неговата вештина тоа што ја спречило Луда Река да не ги зграпчи столбовите на мостот и да не ги проголта неговите сводови и потпори.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пред тоа, кога се качуваше по камените столбови на жолтата трикатница искитена над темелот од детски креди со смешни глави и забранети зборови, се чудеше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И моќта на толпите се расплинува во поединци. Велат, поединецот е столб на демократијата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Остана столб на семејството, откако почина татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вистинските книги во балканскиот семеен егзил се сметаа како столбови на нашата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ми се виде млада, достоинствена, цврста, како во некогашните времиња, кога беше вистинскиот столб на куќата, врз која сега беше нападнал најголемиот снег во градот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)