стол (имн.) - од (предл.)

Внатре, седнат на столот од работната маса, седеше веќе подготвениот матичар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изнесол еден стол од куќата и седнал на среде улица да чита.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тргнете ги столовите од светот, направете човекот да го заборави нивното постоење и зборот стол да исчезне од сите реченици на светот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Завитка мудурот, завитка и Сефедин и со апетит тргнаа од килибаровите чибуци, длабоко замислени.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е! Прочита што пишува казмакамот? — му се обрна стариот мудур на младото офицерче и го покани да седне на столот од десната страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше близу единаесет часот и во Одделот за документација, каде што работеше Винстон, луѓето почнаа да ги влечкаат столовите од полукабините и да ги групираат во центарот на салата, спроти големиот телекран, подготвувајќи се за Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)