стока (имн.) - на (предл.)

Ги прибра Толе и другите четници и, речи си, уште неизмиени казаните во кои се вареше манџа за аскерот, тој со сета своја арамиска тајфа се истресе една вечер во Градешница. (Тука му беше повеќе врталиштето).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Продајте им нова стока на деца. Да ги заборавиме возрасните.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Што, тебе да не ти е лошо на стоката на жена ти!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Арно си поминаме и ние, бериќатверсан. Тука се, кај стоката на колибата — му одговори попот задоволен што му услужи на Толета и со тоа го покаја оној грев од Маргара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навистина, што згрешил Чардаклија? Колку што сфати: бил виновен дека чувал некоја стока на Баручиеви кои му се паѓале блиски роднини.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)