стих (имн.) - му (зам.)

Тој сѐ уште на персиски раскажувал за своите идни деца и пак пеел, веќе со зборови на лирикот Мевлана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другите пак, со патината на мастилото врз нив останаа необјавени до овој миг, кога дополнети и допишани со новите стихови му се нудат на читателот на поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
А стиховите му течат, како да бликаат од извор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некој од стрелците со свои стихови му рекол дека познава измирски крмнак со име Селџик-бег; на тој крмнак кучиња ќе му ги кинат дробовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од истите оние што со години се потсмеваа со него, му калемеа болести и лудила, додека стиховите му ги читаа како да читаат стратешки планови, а стратешките планови како поезија за разонода.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)