стисок (имн.) - остане (гл.)

До Пелагија стои Чана, со едната рака ја држи мајка си, а со другата едно бовчуле, се врти кон Пелагија и сака нешто да ѝ каже, ама се предумислува па прво ја става мајка си крај нозете на Добра, до неа бовчулето и кога ѝ се празни рацете се свртува и ја грабнува Пелагија со машки стисок Остани ми со здравје, Пелагијо моја! ѝ вели Сакав да останам со тебе, со... мислев ќе се преселам кај Доне, мила, ама него го снема, се загуби, последен пат го виделе како се враќа со Танаско од станицава.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)