Се знаеше однапред дека ова стебло ќе биде уште понецелосно, осиромашено со многу засекогаш загубени гранки, како што беше, впрочем, и самиот Мајкин живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Возвишено, во прекрасна болка, таа ќе ја поткренеше раката, стеблото ќе му ја отстапеше својата става на споменот, ќе се потпреше таа на едно невидливо раме, ќе го прегрнеше и долго потоа гледаше две сенки како се нишаат во залезот, како се кршат во времето и од бран во бран како исчезнуваат...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)